Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, во близина на Москва, при што избувнал пожар – соопшти гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов.
Воробјов наведе дека дронови оштетиле и други објекти, меѓу кои куќи, станбени згради, продавници и електроцентрали. Според досегашните информации, најмалку три лица се повредени.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека нападот врз Москва и околината бил најмасовен во последните две години. Според него, од синоќа до пет часот утринава по локално време украинските сили насочиле 620 дрона кон Москва и Московската област, од кои 180 биле уништени.
На местата на кои паднале остатоци од дроновите активни се екипи на службите за итни случаи, наведе Собјанин.




