Фабрика од талогот на лажни вести повторно погреши. Прво, МВР има информирано за инцидентот во својот билтен. Ете доказ на фотографијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ, што МИА ја пренесува интегрално.
Второ, не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаецот, туку во домот на неговиот татко.
Трето, СДС нема докази, само шарена приказна и шпекулации. Тоа е исто така како да кажеме дека Венко зема пари за операции и тоа е јавна тајна.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ




