Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување. До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Очигледно е дека едно е да се биде гласен пред камерите, а сосема друго да се излезе пред граѓаните и да се побара нивната доверба.

Ако СДС е толку убеден дека граѓаните се на нивна страна, зошто тогаш молчат кога ќе се споменат избори?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: архива