На 19.08.2026 во 19:30 часот полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишија од слобода И.Н.(53) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 20-годишен син.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,03 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




