На 19.08.2026 во 13:50 часот на ул.„Драчевска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Л.Р.(26) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Тој бил затекнат како во двор на угостителски објект на истата улица, во момент кога од објектот излегувале гости, од возило во движење со пиштол испукал неколку куршуми во воздух.
Пиштолот му бил одземен, а тој е приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




