Вкупно 757 американски војници се ранети од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари – покажуваат податоците на Пентагон.

Од нив, повеќе од 580 се припадници на армијата, 86 се од морнарицата, 64 од военото воздухопловство, а 19 се маринци.

Пентагон и Централната команда на САД досега имаат објавено само празни информации за околностите во кои биле ранети војниците, како и за евентуалната штета на американските воени бази во конфликтот.

Иако голем дел од повредените се водат како жртви поврзани со операцијата „Епски гнев“, што е официјалното име на конфликтот, Пентагон кон крајот на јули воведе нова категорија „Операции во странство“ во системот за евидентирање на воените загуби.

Од Пентагон објасниле дека промената е направена бидејќи операцијата „Епски гнев“ завршила, а загубите поврзани со последните напади се евидентираат во новата категорија.