Русија е подготвена да разгледа нови предлози за решавање на конфликтот во Украина, но тие мора да ја одразуваат реалноста на теренот, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

Во интервју за руски портал Рјабков оцени дека САД покажале подготвеност за „конструктивен дијалог и разбирање на руската позиција“.

„Во оваа фаза поважно е до кој степен Вашингтон е во состојба да влијае врз одлуките на режимот во Киев и неговите европски спонзори, кои се уште сонуваат за стратешки пораз на Русија“, изјави Рјабков.