Осум лица загинале при пад на чартер-авион во близина на оддалечена радарска станица во западниот дел на американската сојузна држава Алјаска – соопшти американската војска.
Несреќата се случила во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, речиси 725 километри западно од Енкориџ.
Радарската станица е дел од системот на оддалечени пунктови што го следат воздушниот простор над Алјаска и по должината на нејзините граници.
Не се соопштени детали за задачата што ја извршувале лицата во авионот.




