Пред РК Е.Пелистее се предизвиците во Регионалната лига, а најава за она што следува даде тренерот на Битолчани Лино Червар.

„Навистина ова е едно семејство, во кое е младата екипа покрај сениорите.

Ние работевме многу, чекаме вистински натпревари. Веќе в недела ни доаѓа Партизан тука, можеби за нас е прерано, ама ќе се обидеме да се спротивставиме. Задоволен сум што на тестот против Еурофарм Пелистер 2 дојдоа доста навивачи, беа наша поддршка.

На нас е да го оправдаме тоа и низ сите натпревари да покажеме волја и желба. Момците се вредни, ама секогаш се обидуваме да бидеме подобри од вчера. Без амбиции нема ништо, потребно е многу ентузијазам, страст и енергија“ изјави Червар.

Пелистерци в недела ќе го дочекаат Партизан на Раул Гонзалез, а потоа ќе играат против Ловќен и Дубочица до крајот на месецот.