За пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септрмври, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, од криминалното СЈО, па кај трета обвинителка, за сега Абази да каже дека Филипче не бил виновен.
Одговорноста на Филипче во овој случај произлегува од начинот на кој биле регулирани модуларните болници уште пред нивното поставување.
Тогашниот Закон за градење бил изменет, со што модуларните болници биле ставени во категоријата „урбана опрема“, а надлежноста за издавање одобрение за нивното поставување била префрлена на Министерството за здравство, односно на тогашниот министер Венко Филипче.
Овие објекти не биле запишани во катастар, немале одлука од Владата за трајно користење и немале одобрение за употреба согласно Правилникот за простор, опрема и кадар. За овие околности постои документација во проектната единица на Министерството за здравство, која на 12.12.2023 година била предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал.
Каков цинизам треба да поседувате за да заклучите дека за 14 лица кои ги изгубиле животите, а притоа немало никакво исполнување на технички стандарди и објект подигнат над над бензиска станица, никој не е одговорен.
Ова е буквално учебнички пример како СДС и ДУИ го контролираат Абази, за сега Филипче да излегува на прес-конференции и самиот да се тапша по рамо и да се фали дека бил одличен министер. Па еден куп скандали се случија за време на времето на Филипче како министер. Овој случај е токму пример за злоупотреба на службена положба и овластувањата.
Топката пак на крај застана кај Ислам Абази, затоа што како најверниот послушник на Заев, Филипче и Ахмети, пред да си ги спакува куферите мора да си ја доработи својата задача и да испорача уште овој пат ,,нема основано сомнение за злоупотреба на службена положба“, за Венко Филипче.
Како мислат дека ова народот не го гледа?, велат од владејачката партија.




