Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.
Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.
На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.
Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории. (МИА)




