Европската фудбалска федерација (УЕФА) започнала почетни преговори со колегите од Конкакаф за формирање на заедничка Лига на нации, која би почнала со прво издание во 2028 година.
УЕФА и Конкакаф веќе му направија сериозен притисок на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, од кого бараат повлекување од позицијата по контроверзниот проект за продажба на правата на светските првенства на приватни инвеститори, а сега можат да ја прошират соработката и со заедничка Лига на нации.
Проектот на УЕФА и Конкакаф е интересен бидејќи подразбира дека сите 96 репрезентации од Европа, односно Северна и Централна Америка и карипските земји би играле во заедничко натпреварување, кое исто така би било поделено во различни подлиги.
Заедничката Лига на нации би имала и нокаут фаза и фајнл-фор завршница, а во А лигата на почетокот би играле репрезентациите со највисок рејтинг во двете конфедерации.
Овој проект би донел и поголеми приходи за сите учесници, посебно за помалите репрезентации, а задоволни ќе бидат и тие како Мексико.




