Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча.

Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и пожарниари од околните градови, а во гаснењето се вклучи и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Според последната изјава на градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, нема поголеми материјални штети, иако огнените јазици во еден момент навлегоа во дворовите на куќите и викендичките во месноста Софилар.

Во гаснењето на пожарот беше вклучена и механизација на ЈПКД „Комуналец“ и на други компании кои работеа на ископување на против пожарни пречки.