Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при МВР денеска на манифестација во Битола одбележува 25 години од своето формирање.

МВР

На централната манифестација која се одржу пред Офицерскиот дом, свое обраќање имаше и командатот на Единицата, Стојанче Николов.

МВР

-Одбележуваме 25 години од формирањето на нашата единица. 25 години во кои се менуваа генерации, се менуваа условите во кои работиме, опремата, тактиките, безбедносните предизвици, но едно остана непроменето. Подготвеноста на припадниците на ЕБР да одговорат на задачата секогаш кога тоа од нив ќе се побара, граѓаните, полицијата и државата, истакна Николов.

МВР

Посочи дека денеска не одбележуваат само година повеќе од формирањето, туку одбележуваат четврт век заедништво, пожртвуваност, дисциплина, професионалност и служба.

Низ годините постоење, припадниците на ЕБР се усовршувале, градејќи нови оперативни способности и тактики, а се унапредувала и опремата.

МВР
МВР

-ЕБР прерасна во една од најподготвените и најангажинираните оперативни единици на македонската полиција. Денес нашите припадници се ангажираат во најразлични и најсложени полициски задачи. Од непосредна оперативна помош преку обезбедување на лица и објекти, справување со посложени нарушувања на јавниот ред и мир, до ситуации во кои е потребна брза мобилизација на поголем број обучени полициски службеници, нагласи Николов.

Потенцираше дека за еден командат нема поголема чест од таа да предводи луѓе на кои може да им верува кога е најтешко додавајќи дека развојот на единицата продолжува и во иднина.

МВР

Во рамки на одбележувањето беше изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ги презентираа своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата за брзо распоредување.