Две денешни соопштенија во едно, првото во кое СДСМ бара одговорност од актуелниот министер за здравство Сашо Клековски за бактериите и комарците, а во второто СДСМ бара извинување за бившиот министер за здравство Венко Филипче, во чие време се случи пожарот во модуларната болница во Тетово, каде изгореа 14 пациенти.
Во продолжение интегрално двете прес-конференции на Бихаќка на Симона Цветковска и на Кети Штерјова, преку кои СДСМ двапати сечат, а не е јасно колку пати измериле.

Симона Цветковски: Знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави?
Македонија со највисока стапка на западнонилска треска во Европа– тотална неспособност на Клековски и Мицкоски, стои во соопштението од прес-конференцијата на Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост.
Две здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската.
Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира.
Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира.
И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи.
За Гостивар се уште никој нема објавено документ, го нема целиот извештај за водата.
Нема кој одобрил, кој потпишал.
Нема ниту одговорен, никој од власта не одговара за пропустите, заедоцнетите реакции на здравствените институции.
Кризата со западно нилската треска исто така.
Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија.
Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител.
Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија.
Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице.
Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст.
Речиси секојдневно се примаат нови болни.
Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности.
Тоа досега не го видовме. Власта не успева да се справи со кризата.
Видовме тотален распад, институционален колапс и неспособност.
Клековски ги затвора базените кои Мицкоски ги отвораше, пред некој ден изјави дека вазните на гробиштата се проблем за комарците.
Граѓаните се прашуваат знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави?
Тотален распад, неспособност.
СДСМ бара повторно: Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност,
Национална GIS карта на епидемијата и ризикот.
Интензивен ентомолошки надзор, тестирање на комарци за западно-нилски вирус.
Мапирање и уништување на местата за размножување, интегрирана контрола на векторите, јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава.
Доста беа импровизации, за здравјето на луѓето се работи.

Кети Штерјова: Филипче градеше модуларни без профит за да се спасува животи
Пет години ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Венко Филипче со злоупотреба на трагедијата во модуларната болница во Тетово и болката на семејствата на загинатите, стои во соопштението од прес-конференцијата на Кети Штерјова од Социјалдемократкиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост.
Пет години шират лаги, конструкции, клеветат, само за пресметка со претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.
Пет години ниту Филипче ниту СДСМ не се мешаше во работата на Јавното обвинителство.
Не вршеше притисок. Не ја коментираше постапката. Не бараше заштита.
Затоа што институциите мора да работат независно и без притисок.
Модуларните болници беа набавени преку меѓународна постапка на Светската банка, со механизми на контрола, во време на најголемата здравствена криза во поновата историја.
Тие болници не се градеа за тендерски профит, туку за да се спасуваат животи.
Се градеа во време кога болниците беа преполни, кога немаше доволно кревети, кога здравствените работници водеа битка за секој пациент.
Ако постоела и најмала основа за кривична одговорност на Филипче, зарем некој верува дека Мицкоски и ВМРО немаше да најдат начин да ја искористат?
По две години власт, со целата моќ што ја имаат, ќе оставеа нешто неискористено против својот најголем политички противник.
ВМРО-ОКГ водеше јавен линч и политички суд цели 5 години.
Без докази. Без пресуда. Без никакви граници.
Човек кој е доктор, хирург и универзитетски професор, го нарекуваа убиец.
Човек кој целиот професионален живот лекува пациенти, спасува животи и образува идни лекари, го нарекуваа „д-р Менгеле“.
Тоа е дел од кампањата на ВМРО и Мицкоски за ширење омраза и поделби.
Истата кампања која потоа организирано се рашири низ медиумската машинерија на ВМРО и
Орбановите 40% од медиумите.
Пет години ја користат трагедијата како политичко оружје, си поигруваат со болката, чувствата и жалта на семејствата на загинатите.
ВМРО и Мицкоски треба да им се извинат на граѓаните за пет години манипулации и ширење невистини.
Но, пред сè, да им се извини на семејствата на загинатите.
Затоа што пет години нивната најголема болка ја претвораат во политичка кампања и бесрамно си поигруваа со нивната болка.
Тоа е бездушно. Неморално. Тоа е ВМРО!
Социјалдемократски сојуз




