Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, соопштија од партијата.
На седницата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во рамки на седницата се разговараше за изработка на нова програма на Унијата на жени која ќе се базира на пет стратешки приоритети и ќе опфати конкретни активности, иницијативи и настани.
Во однос на кадровите прашања, а со цел зајакнување на организациската поставеност, поголема вклученост на жените во политиката, како и отворање на простор за нови лица, нова енергија, нови идеи и иницијативи, Извршниот комитет донесе одлука за распишување на јавен повик за кандидирање на претседателски на Унијата на жени на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од партијата.

Во периодот кој што следи ќе биде објавен јавен повик за аплицирање за сите заинтересирани жени кои се членови на партијата и кои сакаат да преземат одговорност и да дадат свој придонесе за развој на Унијата на жени.

Унијата на жени останува отворена за секоја една жена што има визија, идеја и желба да придонесе за подобра и просперитетна Македонија.




