Петок, 28 август е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед поради верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За време на продолжениот викенд температурите ќе бидат до 39 степен.
Во петок и сабота минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 32 до 39 степени. Времето ќе биде сончево.
Според прогнозите во недела се очекуваат за некој степен пониски температури, а ќе има и услови за дожд и грмотевици. Максималната температура во недела ќе биде 37 степени.





