Стен Вавринка, сепак доби вајлд-карта за турнирот на Отвореното првенство на САД во поединечна конкуренција, откако првично беше одбиен.

Вавринка ќе се натпреварува на турнирот откако Американецот Патрик Кипсон, кој е рангиран на 116-то место во светот и доби вајлд-карта за настап на главниот турнир, се откажа од учество поради повреда.

На негово место, специјална покана доби Вавринка.

Швајцарецот така доби прилика да се прости од публиката во Њујорк и ова ќе му биде последен гренслем во кариерата, на крајот на годинава оди во пензија и веќе нема да игра.