Обновувањето на дипломатскиот дијалог не е невозможно, но ќе зависи од тоа дали Соединетите Американски Држави се подготвени да го променат својот пристап и да ја напуштат политиката на притисок, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по средбата со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.
Тој на Икс објави дека имале „креативни разговори“, без да даде повеќе детали за темите на средбата.
„Обновувањето на дипломатскиот дијалог не е невозможно. Сè зависи од тоа дали САД ќе разберат еден едноставен факт – притисокот не функционира. Наместо тоа, тие треба да градат доверба, да разговараат со почит, да ги признаат нашите права и да ги исполнат обврските“, напиша Арагчи.




