Кинескиот претседател Шји Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан денеска пристигнаа во државна посета на Киргистан, каде на меѓународниот аеродром Манас ги пречекаа претседателот на земјата Садир Џапаров и неговата сопруга Ајгул Џапарова.

Шји Џинпинг ќе присуствува на Самитот на Шангајската организација за соработка во Бишкек.

Кинескиот претседател, кој на покана на Џапаров е во официјална посета на Киргистан, од таа земја ќе отпатува во посета на Египет, на покана на претседателот на земјата, Абдел Фатах ел-Сиси.