Бредли Баркола официјално е нов фудбалер на Ливерпул.

Францускиот репрезентативец пристигнува од Пари Сен Жермен во трансфер вреден до 123 милиони фунти.

Ливерпул ќе плати 106 милиони фунти фиксно, додека дополнителни 17 милиони се предвидени преку бонуси. Баркола потпиша петгодишен договор со англискиот клуб и ќе го носи дресот со број 29.

23-годишниот крилен напаѓач во 2023 година пристигна во ПСЖ од Лион.