Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем, Новак Ѓоковиќ, ја оцени својата форма пред Отвореното првенство на САД 2026.

– Да бидам искрен, не сакам да губам рано на ниту еден турнир. Но, раната елиминација од турнирот во Синсинати ми даде време да се подготвам најдобро што можам за Отвореното првенство на САД. Имав речиси две недели, речиси цели две недели, да тренирам добро и да го доведам моето тело и ум во вистинската состојба за она што доаѓа. Ако ме прашувате дали сум подготвен, мислам дека сум подготвен колку што можам. Но, тренингот е едно, стапнувањето на теренот „Артур Еш“ и играњето натпревар во три добиени сета е сосема друго. Ќе видиме како ќе оди, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата во Њујорк.

УС опен 2026 почнува денес и ќе трае  до 13 септември.

Триесет и деветгодишниот Србин ќе се соочи со Аргентинецот Маријано Навоне во првото коло. Мечот ќе се одржи утре (31 август).