ФК Вардар со играч повеќе освои само бот на гостувањето кај Тиквеш, во последниот натпревар од 5.коло во ПМФЛ одигран во Кавадарци.

Домаќините и со играч помалку не само што успеаја да освојат бод против шампионот туку беа и подобри. Тиквеш и Вардар одиграа 1-1.

Домаќините имаа повеќе од играта се до моментот кога останаа со играч помалку. Токму таквата игра им донесе водство на кавадарчани кога во 21.минута, Фоде Камара ја затресе вардаровата мрежа.

Четири минути подоцна, Тиквеш остана без играч помалку. Нигерискиот напаѓач Лавал беше во дуел за позиција со Филип Најдовски. Имаше удар во главата на вардаровиот дефанзивец.

Главниот судија Грујоски, по сугестија на оние од ВАР собaта, Керими Бенџамин и Гоце Петрески, реши да му покаже црвен картон на Лавал. Таквата предност скопјани ја искористија кога во 39.минута Омерагиќ израмни на 1-1.

Во второто полувреме, наместо Вардар да напаѓа и да ја искористи предност на фудбалер повеќе, Тиквеш беше тимот кој беше поконкретен. Имаа домаќините неколку закани кон голот на скопјани, а најголемата шанса повторно да поведе Тиквеш имаше уште во 56 минута.

Обидот на албанскиот интернационалец Гуџуфи, заврши во гредата од вардаровиот гол.