Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, би можел да се соочи со сериозни правни проблеми откако УЕФА најави можност за поднесување кривична пријава против него поради наводна злоупотреба на службената положба.
УЕФА и други заинтересирани страни се подготвуваат да поднесат пријава во Швајцарија против Инфантино, а можеби и против други функционери и советници на ФИФА.
Тие го обвинуваат за наводно незаконско структурирање и промовирање на проектот „ФИФА Форвард Ентерпрајз“ (ФФЕ), преку кој требало да се пренесат комерцијалните права за светските првенства и Светското клупско првенство на нова подружница.
Европската федерација побарала и судски мерки против компании и лица поврзани со проектот.




