Поранешниот градоначалник на Општина Лозово и актуелен координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски повторно во нов скандал.
Велковски, за кого јавноста поставуваше прашања околу лотаријата што ја организираше Општината, при што беше извлечена награда што ја доби неговата сопствена ќерка, за чие работење низ годините јавноста слушаше сериозни обвинувања за притисоци врз вработени, мобинг и постапки против политички неистомисленици, чие име беше поврзувано и со случајот со вработена жена која била отпуштена додека била бремена, се најде во улога на некој кој држи лекции.
Овој пат, со својот „Мерцедес“ возејќи зад службено возило на припадници на Министерството за внатрешни работи, ги снима службените лица и службеното возило без нивна согласност, а потоа видеото го објавува јавно.
Она што е интересно и што се забележува на снимката е дека тој вози со брзина поголема од дозволената, а самиот зборува дека дозволено е движење од 70 километри на час.
Како што пишува во својата објава, му дошло да ги „предизвика на трка“, на автопат, зад службено возило на МВР.
Притоа додава дека не се откажал затоа што не можел да ги победи, туку затоа што се сетил дека на автопатот Скопје-Велес, има камери во рамки на проектот „Безбеден град“.
Останува нејасно што сакаше Велковски да постигне. Дали да докаже дека има побрз автомобил од службеното возило на МВР или можеби полициското возило го гледа како предизвик за трка?
Она што е сигурно е дека автопатот не е патека за трки, а полициските службеници не се противници на трка, ниту пак службената работа на МВР не е забава за некој да ја снима.




