Според многу психолози, мајчината љубов е во состојба да создаде гениј или да го уништи животот на своето дете. Марија Пикасо – мајката на генијалниот уметник, со голема љубов и моќ ги направила и двете …
Марија Пикасо Лопез го воспитувала својот единствен син како силен авторитарен татко – строго и со високи барања. Во исто време, таа била со многу голема верба во неговиот талент и иднина.
Чудно е тоа што, според биографите на Пикасо, г-ѓа Лопез ја потиснала слободата на својот син, и му внесувала голема самодоверба.
Самодовербата на Пикасо многу му помогна во неговата кариера како уметник, а во исто време многу му наштетила во неговиот личен живот – особено неговиот однос со жените.
Сенката на Марија Пикасо го придружувала големиот уметник во текот на целиот свој живот.
Марија Пикасо Лопез (1855-1939) е потомок на буржоаско семејство. Таа била најголема од трите ќерки на богат човек, љубител на егзотични патувања.
Еднаш нејзиниот татко се онесвестил и дури по 15 години, неговата сопруга и ќерките дознале дека умрел од треска во Куба.
Неговата сопруга, Инес, сама ги подигнала девојките. Имено, Марија од мајка и ја наследила борбеноста и внатрешна сила. По исчезнувањето на таткото во семејството, жените почнале да управуваат со огромни масиви на винова лоза.
Меѓутоа, по една година, грозјето било нападено од инсекти и целата жетва била уништена. Потоа, Инес и нејзините ќерки се зафатиле со шиење – почнале да изработуваат воени капи и униформи. Со едно или со друго, тие успевале да го издржуваат своето домаќинство, и сите им се восхитувале.
Еден сосед на храбрата Инес решил омажи една од нејзините ќерки за својот брат Хозе. На младоженецот му се допаднала Марија. Тој имал 42 години, а Марија имала 25 години.
По свадбата, Хозе ги прибрал дома мајката и нејзините сестри, па така сите заедно живееле.
Во 1881 година Марија родила мртвородено бебе. Лекарот, сепак, се сомневал во тоа, бидејќи „мртвото” бебе се намуртило на чадот од неговата цигара. Голема среќа ги обземала сите кога бебето одеднаш заплакако! …
Од тој момент па натаму, за Марија немало посакано суштество на светот од тоа, кое дошло на свет со таква жед за живот.
Го крстиле со најдолго име на светот – Пабло Диего Хозе Франциско Де Паула Хуан Непомусено Марија Де Лос Ремедиос Сиприано Де Ла Синтисима Тринидад Мартир Патрицио Клито Руиз и Пикасо.
Во следните шест години од својот живот, Марија раѓа уште две деца-ќерки, сестри на Пикасо, но тој ќе остане нејзин ото омилено и најљубовно „чудо”.
Хозе Руис, татко на Пикасо, бил уметник аматер. Можеби оттаму доаѓа дарот на идниот гениј на ликовната уметност?
Инаку, стариот Хозе бил мрачен по карактер, чуден човек. Тој малку се интересирал за домашни работи, како и за образованието на своите деца.
Целата грижа за домаќинството паднала врз мајката Марија. Таа ги сакала нејзините три деца, но Пикасо бил „господар на нејзината душа”.
Марија Пикасо живеела со мислата дека еден ден нејзиниот првороден син ќе биде голем човек. И очигледно Бог и ги чул молитвите.
Своето прво ремек-дело Пикасо го насликал на 6 години. Сакал да слика, но не и да оди на училиште. Затоа мајката Марија го запишала да учи во приватниот колеџ во Сан Рафаел, надевајќи се дека таму помалку се учи.
Дома, го охрабрувале цртањето на идниот гениј и не му барале некаков успех во училиште.
Марија Пикасо ангажирала приватни сликарски инструктори за нејзиниот син, а подоцна одлучила заради иднината на нејзиното момче да се пресели во Барселона.
Со врски, таа организирала работа за нејзиниот сопруг Хозе на Академијата за уметности во која нивниот син Пикасо продолжил да учи. Неколку години подоцна Марија одлучила да го испрати Пикасо во Мадрид на Кралската академија за ликовни уметности
Во 1898 година, Марија Пикасо ја организирала првата изложба на нејзиниот син во Барселона. Љубовта на синот кон неа за неа била најголема награда. Марија Пикасо живеела заради славата на нејзиниот син.
Пикасо и одговорил со љубов и почит. Тој бил горд на својата мајка и ги слушал нејзините совети. Понекогаш бил огорчен оти неговата мајка не ги „разбра” неговите проекти.
За него било важно да добие потврда дека оди во вистинската насока токму преку оценката на неговата мајка. Пикасо копнеел за нејзино признание! … Марија Пикасо била ориентирот за неговата генијалност.
До крајот на животот Марија Пикасо останува најголем обожавател на творештвото на својот син, како и неговиот најголем безмилосен критичар, но во исто време и неговиот најголем пријател. За жал, од безмерната љубов, Марија Пикасо се мешала и во приватноста на својот син – нејзиното мислење секогаш се покажувало како решавачко во однос на тоа која од жените во животот на Пикасо му одговара, а која не за него.
Всушност, Пикасо, и покрај многуте негови романси, не нашол жена достојна да ја помести од неговото срце, неговата мајка, Марија Пикасо.