Неидентификуван летечки објект во главниот град е виден како нагло се издигнува од земјата и да се движи кон небото над населбата Бардовци во Скопје, пишуваат денеска српски и хравстки медиуми.

Според очевидци, НЛО-то се движело многу брзо, а на моменти застанувало.
Потоа одеднаш објектот се изгубил од видокругот и исчезнал.

Видеото од мистериозното летало е направено со мобилен телефон од Трнодол. Белата точка која се движи, всушност е црвена, иако тоа не се гледа на снимката.

Нешто слично се случи во октомври 2018 година. Од иста позиција тогаш се појави бесшумно летало, која се движеше поинаку, светеше многу силно, а зад себе не оставаше никаква трага.

Некои коментатори на социјалните мрежи претпоставуваа дека станува збор за беспилотно летало, кое дошло од Косово, но не знаат чие е тоа.

Еве како изгледаше овој инцидент:

Да потсетиме, сличен објект беше забележан и во 2017 година.