Локален прекин на огнот, посредуван од Меѓународната агенција за атомска енергија, стапи на сила за да се овозможат поправки на надворешното напојување со електрична енергија во нуклеарната централа Запорожје во Украина, соопшти денеска надзорниот орган на ОН.
Објектот е без напојкување од надворешна електрична енергија од 20 август и се потпира на дизел генератори за итни случаи за ладење на нејзините безбедносни системи.
Залихите на дизел гориво во централата се намалуваат и генераторите би можеле да бидат надвор од употреба во рок од неколку дена, освен ако не се донесе ново гориво или не се приклучи електрична енергија, соопшти МААЕ. Агенцијата додаде дека украинските техничари ќе започнат со поправки на линијата подоцна денеска откако областа ќе биде исчистена од мини.




