Во нивниот светоглед е неприфатливо законот да важи за сите подеднакво и затоа тие не можат или не сакаат да ја разберат неселективноста во борбата против корупцијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
И еве неколку факти:
Митото со кое е фатен осомничениот нема апсолутно никаква врска со Игор Јанушев, ниту, пак, Јанушев на каков било начин бил вмешан во овој случај.
Овој случај на спречена корупција немаше да биде успешно разрешен доколку немаше јасна и недвосмислена волја кај носителите на функции да ѝ се застане на патот на корупцијата.
За да се спречи оваа корупција, лицето од кое се барало мито морало да го пријави случајот и да прифати да дејствува со обележани пари. Носителите на функции не се повлекоа, не калкулираа, туку охрабрија овој случај да добие епилог.
Има разлика. Во времето на СДС корупција имаше од чистачка до министер, од Рашковски, до Венко Филипче и Заев. Сега борбата против корупцијата не познава припадност и не прифаќа калкулации.
Апелираме и до малиот дел од медиумите, кои се инструирани од опозицијата, да не прифаќаат да бидат манипулирани и да не изнесуваат клеветнички, невистинити и дезинформирачки содржини, туку да се држат до проверените и официјалните информации.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива




