Општина Центар вчера покажа како изгледа „транспарентноста“ на Горан Герасимовски – официјалната снимка од седницата на Советот прекинува токму во моментот кога советничката од ЗНАМ, Александра Цветановска, во рамки на дискусијата за спорниот Нацрт-ДУП „Барутана“, зборува за слободата на изразување, притисоците врз советниците и обидите за цензура во Советот, се вели во партиското соопштение од ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално.

Цветановска предупредува и на опасниот преседан што се воспоставува – градоначалникот да може, кога сака, да зборува за која било тема што не  е на дневен ред.

Снимката прекинува. Дискусијата исчезнува. А потоа преносот „случајно“ продолжува.

Ова не може да биде премолчено и претставено како обична техничка грешка.

Додека граѓаните на јавната презентација зборуваа за совест, одговорност и заштита на Водно, Герасимовски не беше таму да ги слушне. Наместо да присуствува на презентацијата за „Барутана“, тој беше на прес-конференција за музички настан.

Герасимовски, од кого се криете – од граѓаните или од вистината?

Што е поважно: прес-конференцијата за музички настан или урбанистичкиот план што може трајно да го промени ликот на Водно, Центар и Скопје?

Што се обидува да скриe зад прекинатите и исечени кадри?

Фото: Центар за комуникации и аналитика – ЗНАМ