Шпанскиот возач на Дукати, Марк Маркез, победи на денешното Гран При на Сан Марино и го презеде водството во генералниот пласман во Мото ГП шампионатот, откако Марко Безеки од Априлија, кој стартуваше од пол-позицијата, не ја заврши трката пред домашната публика на патеката во Мизано.
Безеки го освои второто место во саботниот спринт, но Италијанецот доживеа пад веќе во првиот круг од главната трка, на големо изненадување и разочарување на неговите домашни фанови.
Ова беше петта победа на Маркез оваа сезона со која се израмни бодовно во генералниот пласман со хорхе Мартин со 274 бодови, но изби на лидерското место поради поголемиот број победи оваа сезона.
Неговиот брат Алекс Маркез од Гресини Рејсинг заврши втор, додека Педро Акоста од КТМ го освои третото место.




