Во натпревар со резултатски пресврти и шест постигнати голови, Башкими и Вардар ремизираа попладнево во Куманово, одигрувајќи 3-3 (2-1) во рамки на 7. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Кумановскиот прволигаш дојде во водство во 21. минута кога Исмаили го совлада голманот Талески, а на 2-0 зголеми Да Силва во 33. минута.
Актуелниот шампион до крајот на полувремето ја преполови негативата со голот на Бабунски, а целосен резултатски пресврт донесе капитенот Закариќ, кој беше двоен стрелец од 69. до 71. минута.
Башкими во завршницата тргна со сите сили во офанзива и на крајот избегна пораз со голот на Саити во 87. минута.
Силекс утре е домаќин на Брегалница, а во завршниот натпревар од 7. коло, Шкендија Арачиново в понеделник ќе го пречека Скопје.
ПМФЛ – 7 коло:
Башкими – Вардар 3-3
Арсими – Шкендија Тетово 2-2 (сабота)
Тиквеш – Струга 2-2
Силекс – Брегалница (недела)
Шкендија Арачиново – Скопје (понеделник)
Табела: Шкендија 16, Струга 14, Тиквеш 12, Вардар 11, Шкендија Арачиново 10 (-1), Арсими 8, Силекс 7 (-1), Брегалница 6 (-1), Скопје 3 (-1), Башкими 4.




