На средбата со директорката на Светска банка за Косово и Македонија, Карол Межеван, министерот за правда Јетон Шасивари разговараше за новиот извештај на Светска банка и реформите што се потребни за Македонија да направи клучен исчекор на патот кон ЕУ, стои во соопштението на Министерството за правда.

За Министерството за правда, тоа значи ефикасно и независно правосудство, силни институции и европски стандарди што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот.