Во Собранието остваривме средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел, во организација на INOVA, објави на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.

-Нашиот фокус е јасен: повеќе институционална соработка, повеќе иновации, повеќе инвестиции и повеќе можности за македонските граѓани и бизниси.

Од искуството на Израел можеме да учиме, но и да градиме конкретни партнерства што ќе носат резултати.
Градиме мостови со пријателите, отвораме нови можности и ја јакнеме Македонија како држава која знае што сака и храбро чекори кон иднината, пишува Пренџов во својата објава.