Македонскиот ракометен шампион Вардар оствари пораз и во вториот натпревар во Лигата на шампиони, овој пат пред своите навивачи беше совладан од Нант со 32-33 (15-16).

Ова беше прв меч за македонскиот првак на домашен терен оваа сезона, но и прва после четири години во ова натпреварување и тоа пред полни трибини.

Останува „црвено-црните“ да жалат што не дојдоа до првиот триумф.

Абделхак имаше 10 гола, шест Малус, по пет Воркапиќ и Љевар.

На две и пол минути до крајот резултатот беше 32-32, македонскиот тим немаше право на грешка.

За жал, Малус ја загуби топката, но Гогов беше на вистинското место во вистинско време. И Млаус повторно не успеа, овој пат неговиот удар заврши во противничката мрежа. Останаа 30 секунди до крајот, Нант доби пенал и реализира за 32-33. Малус повторно беше трагичар.

Следниот меч Вардар во ЛШ го игра на 8 октомври против Висла на домашен терен.