Екипата на Брера Струмица ја запиша првата победа за тим од нашата земја во младинската ЛШ.

Струмичани гостуваа кај Санта Колома од Андора и успеаја да слават со резултат 3-0 (0-0), што значи дека во поволна атмосфера ќе го чекаат реваншот на свој терен.

Триумфот кој ќе се памети пристигна во второто полувреме, а автор на него беше Глигор Бучков.

18-годишното десно крило реализира во 57. минута по асистенција на Иван Танчев, а потврда на големиот триумф на македонскиот младински првак пристигна во 80. минута со гол на истиот играч по асистенција на Велков.

Последниот гол на мечот во Ла Вела го постигна нововлезениот Филип Кулески, по втора асистенција на Бојан Велков.

Реваншот во Струмица меѓу Брера и Санта Колома од Андора е закажан на 14 октомври.