Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Кит Селф, конгресмен и претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.
-Денеска остварив средба со Congressman Keith Self , претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Средбата е дел од активностите насочени кон продолжување и унапредување на соработката меѓу Македонија и САД.




