Во протестите во Венецуела против претседателот Николас Мадуро загинале најмалку 35 луѓе и приведени се 850. Тоа го покажуваат податоци на две невладини организации.
– Располагаме со потврден број со лични имиња на 35 луѓе кои се убиени во протестите што почнаа пред една недела, изјави Рафаел Ускатеги директор на невладината органзиација Провеа.
Организацијата „Форо пенал“ соопшти дека во протестите приведени се 850 луѓе.