Командантот на иранската елитна Револуционерна гарда, генерал Хосеин Салами денеска изјави дека стратегијата на Иран е да го збрише „ционистичкиот режим“ (Израел) од политичката мапа.

– Најавуваме дека ако Израел преземе каква било воена акција против нас, тоа дефинитивно ќе доведе до негова сопствена елиминација и ослободување на окупираните територии, изјави Салами за иранската државна телевизија.