Хотел во Перу се урна за време на свадбена церемонија при што загинаа најмалку 15 луѓе.

Според полицијата, повредени се најмалку 30 лица.

Причина за уривањето се поројните дождови кои поткопале темели на хотелот по што се урнал потпорен ѕид. Во потрагата под урнатините на објектот се ангажирани над 200 пожарникари.