Јужноафриканската полиција откако во рок од два месеца пронајде тела на девет жени, истражува дали убиствата се дело на сериски убиец.

Првите пет тела беа пронајдени на периферијата на Јоханесбург, а другите на одделни локации на околу 25 и 35 километри оддалеченост.

– Истражителите ги разгледуваат сите можности, вклучително и можноста за повеќе осомничени или одделни сторители. Полицијата ги споредува доказите, времето, локациите, профилите на жртвите и околностите на секој случај пред да извлече заклучоци, изјави комесарот на полицијата на покраината Гаутенг, Фред Кекана.

Жртвите биле на возраст од 20 до 30 години, а биле пронајдени или голи или делумно облечени. Некои од телата имале слични модринки.

Првото тело е пронајдено на 17 јули, голо и врзано со кабли. Додека најмладата жртва имала 20 години

Полицијата нуди награда од 25.000 долари за информации што ќе доведат до апсење на сторителот или сторителите.