Започна реконструкцијата на улицата “Марко Крале” во ошштина Бутел, објави преку видео обраќање на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот Дарко Костовски.
УШТЕ ЕДНО БАРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ РЕАЛИЗИРА
-Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел.
Продолжува градежната офанзива. Започнавме со градежните работи на улицата “Марко Крале”.
Ова е една главните сообраќајници во населбата Бутел, а предходно ги реконструиравме и улиците “Хо Ши Мин” и “Натанаил Кучевишки”.
Улицата “Марко Крале” е со површина од 6120 квадратни метри и должина од 1100 метри.
Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата и работам во нивен интерес.
Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.



