Во паркот „Македонија“ во Општина Кисела Вода вечерва во 19 часот во рамки на „Кино на отворено“ ќе се одржи проекција на детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, кој е синхронизиран на македонски јазик.
Веднаш по него, во 20:35 часот, публиката ќе може да го погледне македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Овој филм е откупен од National Geographic Documentary Films и е добитник на Наградата на Музата на Биеналето во Венеција.
Од Општина Кисела Вода информираат дека Филмскиот викенд продолжува и утре. Неделната програма исто така стартува во 19:00 часот со детскиот анимиран филм „Таинствената шума“. Од 20:25 часот следува проекција на култниот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, филм кој има освоено над 30 меѓународни награди, вклучувајќи го „Златниот лав“ во Венеција и номинацијата за Оскар во 1995 година.
Проекциите се бесплатни и одржуваат во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“. Настанот се реализира во соработка со Кинотека на Република Македонија и „Киноверзум“.




