Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години одигра денеска нерешено 3-3 против домаќинот Црна Гора во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции во Колашин.

Македонските фудбалерки се вратија во негатива од 3-0, откако Теодора Чабаловиќ (4 минута), Милена Чукиќ (17) и Тамара Јововиќ (22) веќе на средина од првото полувреме ѝ донесоа висока предноста на домашната репрезентација.

Во 35. минута Глорија Тодоровска намали на 3:1, а истата фудбалерка во 62. минута по втор пат се запиша во листата на стрелци. Конечниот резултат го постави Лица Мицовска во 86. минута.

Вториот контролен натпревар меѓу македонската и црногорската репрезентација ќе се игра на стадионот во Колашин в четврток со почеток во 11 часот.

МИА