Нов ден, нова папазјанија на СДС. Овојпат, од немајкаде, буквално рециклираа дузина афери од минатите месеци, инфантилни наративи кои сами ги смислија и склепаа една мизерна и евтина прес-конференција. Колку нешто да се каже, вели народот, пишува Курир.

И така, Богданка денеска зборуваше од партиската говорница за некаква си ПЉАЧКА. Ги натопорија рециклираните информации кои ги има само во нивните глави и торжествено свреска од Бихаќка:

„Во тек е голема пљачка на Македонија!“

Со серија лични најдолни и уличарски навреди до премиерот, вон сите норми на меѓупартиска комуникација, крајно дегутантно и приземно нарекувајќи го „арамија“, во трчи-лажи говоранцијата преполна со рекла-казала кооперациски муабети и кулоарски трачеви, „портпаролката“ заврши со патетичен восклик:„Македонија не е на продажба!“!?!?!

Ова доаѓа од арамиската СДС, партијата која ја изврши најкриминалната транзиција во светот, номенклатура која најпрвин го смени исконското знаме, донесе „привремено име БЈРМ“ кое траеше „само“ 14 години, донесе неаргументирана територијална поделба, потоа изврши класичен пуч на 27 април и незаконски ја презеде државата за да смени вековно име, да испопотпише серија луцидни договори, да испозатвори патриоти на правдина, да донесе двојазичност, сето тоа зачинето со Мазути, Лотарии, Модуларни болници, Онкологии, корона-вакцини, мамас-грантови, марихуана плантажи и што ли не.

И сега, таа иста партија, македонски синоним за грабеж на секое можно ниво, ќе се буни против имагинарна продажба на Македонија, која тие самите си ја измислија?

Ултра-класичен Фројдовски пример на злодејанието кога крадецот на цел глас вика: ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ!

Извор: Курир