Советот на ЕУ донесе денеска одлука за продолжување на мисијата во Украина за две години, изјави европската висока претставничка за надворешна политика и безбедност Каја Калас по седница на европските министри за одбрана во Брисел. Таа додаде дека учесниците на средбата ги разгледале можностите за дополнителна поддршка за украинската страна и за проширување на военото производство.
Европа треба побрзо да се вооружи дополнително за да ги постави целите до 2030 година, и поради тоа е потребна решителна промена во големината на одбранбените вложувања и во способностите за производство, изјави таа.
Калас посочи дека противракетната одбрана останува главна задача во помошта за Киев и државите од ЕУ разгледуваат дали да и достават на Украина свои ракети Патриот со кои располагаат и потоа да порачаат нови испораки со средства од заемот за украинската страна.
Та вели дека неопходно е ЕУ да преземе дополнителни дејствија против руските саботажи и дека Русија нема никаква желба за постигнување мир во Украина.
МИА




