Денеска, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.