Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска соопшти дека поддршката за Украина ќе биде зголемена поради бројните „саботажи и непријателски дејствија“ што Русија ги презеде во последните месеци.
„Русија продолжува со својата безобѕирна кампања на непријателски дејствија против НАТО. Се обидува да ја ослабне нашата решителност и да ја спречи нашата поддршка за Украина. Но, не успева“, изјави Руте ви Брисел, пренесоа британските медиуми.
Според него, НАТО ќе направи уште повеќе за Украина.




