Се фокусирамe на тоа да ја деблокираме ситуацијата, за да можеме да дојдеме со патоказ и во С. Македонија, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.
– Можам да го потврдам она што го кажа премиерот дека се договоривме да имаме еден прв чекор следната недела и да се обидеме да го деблокираме процесот и всушност да го претвориме во процес, тоа е најважниот дел. Она што ќе се случува следната недела е ревидирањето на целот тој процес на пристапување – рече таа.
Според неа, се уште има работа, но импресивно е она што земјава досега го има направено.
– Ги имаме оние држави кои веќе се длабоко навлезени во пристапниот процес и отвораат и затвораат поглавја и тоа се тие патокази, и во моментов кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, моето лично мислење е дека можеме да бидеме мошне брзи со С. Македонија затоа што веќе интензивно работиме на реформите коишто се неопходни. Да, се уште има работа, но импресивно е она што досега го имате направено – подвелече Фон дер Лајен.




