Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска нареди проверка на безбедносните мерки за сите меѓународните летови до Израел, објавија француските медиуми.
Нетанјаху ги нареди овие инспекции по инцидентот од оваа недела на летот на компанијата „Флајдубаи“, од Индија за Израел со доминантно еврејски патници.
Премиерот Нетанјаху „го задолжи шефот на Советот за национална безбедност, Шмуел Бен Езра, да назначи одговорно лице за темелна проверка на сите аспекти поврзани со безбедноста на странските цивилни летови до Израел“, се наведува во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер.




